Ѕвездите на Барселона попуштија, се согласија на намалување на платите од 70 проценти

twitter:UEFA Champions League

Иако минатата недела го одбија предлогот на управата платите да им бидат намалени за дури 70 проценти додека трае кризата со коронавирусот од кој Шпанија е една од најпогодените земји во светот, денеска се согласија на предлогот.

Фудбалерите на Барселона ја прифатија одлуката на челниците на Барселона и во наредниот период ќе замаат само 30 проценти од платите, а згора на тоа се согласија да уплатат одредена сума на пари за помош на вработените во клубот да не останат без работа.

– Искрено ни е жал за сите оние кои го следат секој наш потег, не гледаат под лупа и вршат притисок за нешто за што отсекогаш бевме свесни дека ќе го направиме. Разговорите течеа неколку дена за да биде најдено најдоброто можно решение,.

На  крајот беше одлучено  дека не треба само да ни бидат намалени платите за 70 проценти,  туку и ние самите да покриеме дел од трошоците за членовите од администрацијата на клубот за тие да можат да добиваат плата. Јасно е дека ова е вонредна ситуација, сега е моментот ние да им помогнеме на оние кои секогаш ни помагале на нас во клубот – изјави првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот