Фудбалерите на Барселона дозволија платите да им се намалат за 30 проценти

фото:твитер

Проблем е што челниците на екипата сакаат „кратењето“ да биде многу поголемо.

Неколкудневните натегања во Барселона на релација управа – фудбалери продолжуваат о по денешната одлука на играчите кои се согласија да им се намалат платите но не колку што се надеваа челниците.

Четворицата капитени на Барселона, Лионел Меси, Жерар Пике, Серхио Бускетс и Серхио Роберто го одбија предлогот на челниците на екипата, платите да им бидат намалени за 70 проценти додека трае вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот која го запре и фудбалот.

Барселона сака да ја искористи одуката на шпанската влада и да се спаси тоа што може да се спаси, но играчите не попуштаат, капитените во име на целиот тим го одбија предлогот иако им беше понуден и компромис, фудбалерите со помали примања, платите ќе им беа преполовени.

Капитените го одбија предлогот и порачаа дека се согласуваат на намалување од 30 проценти, а доколку кратењето биде поголемо, тие се заканиле со драстични мерки.

Од друга страна, управата сака да ја искористи одлуката на Владата бидејќи годишно за плати на играчите одвојува дури 507 милиони евра, а во моменти кога фудбалот е во „карантин“ поради коронавирусот, клубот нема никакви приходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот