Барти и донесе на Австралија гренд слем титула по 44 години

Трета гренд слем титула за Ешли Барти / фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Австралиската тенисерка Ешли Барти ја совлада Даниел Колинс од САД во два сета со 6:3,7:6 во финалето на Австралија Опен иако губеше со  1:5 во вториот сет.

Со освојувањето на третата гренд слем титула во кариерата, а прва на Австралија Опен, го прекина 44-годишниот пост на австралиските тенисерки во Мелбурн. Последна шампионка во Мелбурн беше Кристин О’Нил во 1978 година.

Најдобрата тенисерка на светот го задржа максималниот ефект во финалињата на гран слем турнирите, во три настапи има три победи (Ролан Гарос 2019, Вимблдон 2021 и Австралија Опен 2022) и недостасува уште титула од УС Опен за да комплетира гренд слем.

Од друга страна, за Американката Колинс ова беше прво гренд слем финале во кариерата.
Барти до титулата дојде на доминантен начин, со загубени само 30 гема во седум меча, од кои девет ги загуби во финалето.
Во првиот сет, Барти прво успеа да спаси брејк топка за потоа да го одземе сервисот на Колинс за водство од 4:2 и со сигурен сервис да поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Колинс играше одлично, ги освојуваше сите важни поени и поведе со 1:5, а кога навивачите на Род Лејвер Арената помислија дека ќе се игра одлучувачки трет сет, се разбуди Барти.
Со два брејка успеа да израмни на 5:5 и потоа во тај-брејкот со доминантна игра да триумфира и да ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот