Барселона против Манчестер јунајтед е новиот спектакл во Лигата на Европа

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Денеска со жрепка во седиштето на УЕФА, Нион, ги дознавме плеј-оф паровите кои ќе ги дадат останатите осум осминафиналисти во Лигата на Европа.

А директно пласман во осминафиналето во ова фудбалско клупско натпреварување обезбедија првопласираните од групната фаза на ЛЕ. Тие се Арсенал, Фенербахче на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, потоа Бетис, Унион Сент-Жилуаз, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош.

Третопласираните од групната фаза во Лигата на шампионите во плеј-офот ќе играат против второпласираните од групите на Лига Европа.

Жрепката одлучи на стартот од нокаут-фазата да имаме спектакл, Барселона на Чави за противник го доби Манчестер јунајтед предводен од Ерик тен Хаг.

Рома на португалскиот стратег Жозе Мурињо го доби Салцбург, а Јувентус ќе се соочи со Нант од Франција. Се очекува да биде интересно и на мечевите меѓу рекордерот на освоени трофеи во Лига Европа, Севиља, и холандскиот ПСВ Ајндховен.

Првите натпревари ќе се играат на 16 февруари, а реванш средбите се на 23 февруари 2023 година. Потсетување дека финалето сезонава во ЛЕ ќе се игра на 31 мај 2023 на Пушкаш Арената во Будимпешта, Унгарија.

Лига Европа 2022/2023

Плеј-оф двојки (1/16) за пласман во осминафиналето –

Барселона – Манчестер јунајтед
Јувентус – Нант
Спортинг – Митјиланд
Шахтјор Доњецк – Рен

Ајакс – Унион Берлин
Баер Леверкузен – Монако
Севиља – ПСВ Ајндховен
Салцбург – Рома

ЛШ: Ливерпул ќе игра против Реал Мадрид, Елмас и Наполи го добија Ајнтрахт Франкфурт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот