ЛШ: Ливерпул ќе игра против Реал Мадрид, Елмас и Наполи го добија Ајнтрахт Франкфурт
Денеска со жрепка во седиштето на УЕФА, Нион, ги дознавме осминафиналните двојки во фудбалската Лига на шампионите. Вкупно 16 екипи продолжуваат да се борат за титулата во најквалитетното европско клупско натпреварување, а трофејот од минатата сезона го брани Реал Мадрид.
Препорачано
А „кралевите“ на Карло Анчелоти добија доста незгоден ривал, станува збор за англискиот гигант Ливерпул предводен од Јирген Клоп во реприза на ланското финале кога Шпанците беа подобри со 1:0 во Париз.
Македонија ја претставува нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој настапува за италијанскиот клуб Наполи кој ќе ги одмери силите против Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Се очекува доста интересно да биде и на средбите меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.
Првите натпревари во осминафиналето на ЛШ ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари, а реванш средбите на 7, 8, 14 и 15 март 2023 година. Потсетување дека финалето оваа сезона ќе се игра на 10 јуни 2023 на Ататурк Олимпискиот стадион во Истанбул, Турција.
Лига на шампиони 2022/2023
Осминафинале, двојки –
Лајпциг – Манчестер сити
Клуб Бриж – Бенфика
Ливерпул – Реал Мадрид
Милан – Тотенхем
Ајнтрахт Франкфурт – Наполи
Борусија Дортмунд – Челси
Интер – Порто
ПСЖ – Баерн Минхен
Bring it on! ?
Which tie can't you wait for?#UCLdraw pic.twitter.com/tiWnYYTdXj
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) November 7, 2022


