Жоан Лапорта/EPA-EFE/Toni Albir

Барселона ќе поднесе жалба: Тоа што се случуваше во Мадрид е неприфатливо

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Лигата на шампионите и најави дека клубот ќе реагира поради судењето во Мадрид.

Иако каталонскиот тим славеше со 2-1 во реваншот против Атлетико Мадрид, поразот од 0-2 на првиот натпревар беше пресуден за нивното испаѓање од елитното европско натпреварување.

Лапорта остро ги критикуваше судиските одлуки, потенцирајќи дека тие директно влијаеле врз исходот и најави нова жалба од страна на клубот.

„Ќе поднесеме нова жалба, зашто тоа што се случи во Мадрид е неприфатливо. Има одлуки кои ја оштетија Барселона и тоа е нешто што не може да се толерира. Ова е срамота“, кажа Лапорта.

ВИДЕО | Симеоне го „испрати“ Јамал на спиење: Сакате да се плашам од тинејџер кој прави трикови? Дајте ве молам…

Каталонски новинар бесен по елиминацијата на Барселона: УЕФА е мафија, бевме ограбени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот