Клемент Турпан и Гави/ EPA/SERGIO PEREZ

Каталонски новинар бесен по елиминацијата на Барселона: УЕФА е мафија, бевме ограбени

Големо незадоволство владее меѓу фудбалерите, раководството и навивачите на Барселона, како и кај каталонските медиуми, по елиминацијата од Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Атлетико славеше со 2:0 во првиот натпревар во Барселона, додека каталонците во реваншот во Мадрид победија со 2:1, што не беше доволно за пласман понатаму. Вината за елиминацијата ја насочуваат кон судиите, Романецот Иштван Ковач и Французинот Клеман Турпан, кои ги водеа двата натпревари.

Најостра реакција имаше каталонскиот новинар Микел Блазкез, кој на социјалните мрежи напиша:

„Ковач минатата недела ја започна кражбата на Барселона, откако не го исклучи Пубиљ и избегна да додели жолти и црвени картони на играчите на Атлетико. Вечерва, Турпан ја доврши работата, игнорирајќи чист пенал врз Дани Олмо и брутален удар со копачка во лице на Фермин Лопез од страна на голманот на Атлетико, Хуан Мусо. УЕФА е мафија“, напиша тој.

Инаку, Барселона веќе во 24. минута успеа да ја анулира негативата од првиот меч, поведувајќи со 2:0 со головите на Ламин Јамал и Феран Торес.

Потоа следуваше моментот кога Фермин Лопез при пад се удри во копачката на голманот, по што Адемола Лукман намали на 2:1. До крајот на мечот, на Барселона ѝ беше поништен гол на Торес, а дополнителен удар беше и црвениот картон за Ерик Гарсија во 79. минута.

ВИДЕО | Атлетико Мадрид и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот