ВИДЕО | Атлетико Мадрид и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите
Фудбалерите на Барселона денеска во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите триумфираа со 2:1 на гости против Атлетико Мадрид.
Препорачано
Но, тоа не беше доволно за каталонскиот клуб кој доживеа елиминација поради поразот од 2:0 на првиот меч, па така, Атлетико излезе како поуспешен во шпанската пресметка.
Сите погодоци беа постигнати во текот на првото полувреме, веќе во четвртата минута Барса поведе со голот на Ламин Јамал.
Во 24 минута гостите постигнаа уште еден гол преку Торес и така ги вратија надежите во овој двомеч.
Но, Атлетико успеа да постигне гол во 31 минута, да намали благодарение на голот на Лукман.
Во 79 минута гостинскиот тим остана без еден фудбалер на теренот поради црвениот картон на Гарсија.
Пласман во полуфиналето обезбеди и составот на ПСЖ кој беше подобар и на реваншот на гости против Ливерпул со 2:0. На првиот меч во Франција, париските „светци“ славеа со истиот резултат.
Откако мируваа мрежите во првиот дел, ПСЖ дојде до победата со двата гола на Дембеле во 72 и 91 минута.
Во полуфиналето, Атлетико го чека подобриот од двомечот Спортинг – Арсенал (0:1), а ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид или Баерн Минхен. Баварскиот клуб по првиот натпревар има предност од 2:1.


