Симеоне и Ламин Јамал/EPA/JUANJO MARTIN

ВИДЕО | Симеоне го „испрати“ Јамал на спиење: Сакате да се плашам од тинејџер кој прави трикови? Дајте ве молам…

Фудбалерите на Атлетико Мадрид обезбедија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот од 2:1 на гостувањето кај Барселона во реваншот од четвртфиналето.

Клучот за успехот беше победата од првиот натпревар, кога „јорганџиите“ славеа со 2:0 на гостински терен, што им донесе вкупна предност и место меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Барселона добро го отвори натпреварот, па веќе во четвртата минута погоди Ламин Јамал, а предноста ја зголеми Феран Торес дваесет минути подоцна. Сепак, клучниот момент се случи во 31. минута кога за Атлетико погоди Адемола Лукман и со тој гол му донесе пласман во следната фаза на својот тим.

По натпреварот, во центарот на вниманието се најде тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. На социјалните мрежи се прошири видео од неговата реакција, а дел од корисниците тврдат дека со него испратил јасна порака до навивачите на Барселона и до Јамал дека „можат да одат на спиење“.

„Јамал е добар и многу талентиран дечко. Бараше игра еден на еден, па постигна гол веќе во третата минута, а медиумите веќе го крунисаа за крал на Европа. Меѓутоа, во фудбалот е важно само кој утре наутро ќе биде во ждрепката. Медиумите сакаат да се плашам од тинејџер затоа што прави трикови и дава самоуверени изјави. Дајте, ве молам“, изјави Симеоне, па додаде:

„Десет години морав да стојам покрај аут-линијата и да гледам како Кристијано Роналдо ми дава хет-трикови за да го исфрли мојот тим од ова натпреварување. Тоа е вистински терор. Ламин синоќа одигра одличен натпревар, но реалноста е дека ние одиме во полуфинале, а тој ќе нè гледа на телевизија. Голема е разликата меѓу тоа да одиграш добар натпревар и да бидеш кошмар за некого“, изјави Симеоне.

Јамал го урна рекордот на Мбапе во Лигата на шампионите

Каталонски новинар бесен по елиминацијата на Барселона: УЕФА е мафија, бевме ограбени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот