Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Јамал го урна рекордот на Мбапе во Лигата на шампионите

На шпанскиот фудбалер Ламин Јамал не му требаше долго време да ја започне мисијата за враќање на Барселона во четвртфиналниот двомеч против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите да се анулира негативата од 2:0 од првиот натпревар.

Уште во четвртата минута на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, чудото од Барселона му даде на својот тим совршен почеток на возвратниот дуел, а воедно надмина рекорд на еден од најдобрите светски напаѓачи, играчот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Всушност, напаѓачот на Барселона стана најмладиот играч во историјата што постигнал 11 гола во Лигата на шампионите.

Со тоа, тој го сруши рекордот што го држеше капитенот на Франција, Мбапе, кој постигна 10 гола пред да наполни 19 години.

Со шест гола и четири асистенции, Ламин Јамал стана и најмладиот играч што бил вклучен во 10 гола во една сезона во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот