Барселона е очајна, за да ги регистрира новите засилувања мора повторно да ги продава ТВ правата

Рафиња и Роберт Левандовски летово пристигнаа во Барселона/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Амбициозниот план на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, да потроши 153 милиони евра може да му се одбие од глава бидејќи сега не може да ги регистрира засилувањата за првото коло во Ла Лига и поради тоа повторно ќе мора да се откаже од нешто што треба да им носи приходи во иднина – ТВ правата.

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека и покрај одбивањето на Ла Лига да ги регистира засилувањата на Барселона, Андреас Кристенсен, Френк Кеси, Рафиња, Жил Кунде и Роберт Левандовски, претседателот Лапорта се надева дека ќе успее да петок во 23.59 часот ќе успее да најде начин тие да заиграат во првото коло од Ла Лига против Рајо Ваљекано.

Решението на Лапорта е одново да продаде процент од ТВ правата на Барселона за натпреварите во Ла Лига бидејќи расходите се неколку стотици милиони евра поголеми од приходите.

Лапорта досега продаде два дела на ТВ правата за натпреварите на Барселона во Ла Лига во следните 25 години на инвестицискиот фонд „Сикс стрит“. Прво беа продадени 25 отсто од ТВ правата, потоа дополнителни 25 отсто како и продажба на дел од акциите на „Барса Студиос“ клупската продукциска куќа од што се собраа околу 500 милиони евра.

Сега Лапорта е подготвен да продаде уште 24,5 отсто од акциите на „Барса Студиос“ за дополнителни 100 милиони евра, но прашање е дали и тоа ќе биде доволно за да се регистрираат новите засилувања бидејќи „минусот“ на Барселона е околу 200 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Лапорта ќе се обиде да ги убеди Френки де Јонг, Мемфис Депај и Пјер-Емерик Обамејанг да прифатат да бидат продадени, а во исто време ќе ги замоли двајцата капитени Жерар Пике и Серхио Бускетс да се согласат на ново намалување на платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот