Бела Хадид/Адан Бануелос - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Бара утеха по раскинувањето: Уапсен поранешниот дечко на Бела Хадид поради опивање во јавност

Адан Бануелос, поранешниот дечко на манекенката Бела Хадид беше уапсен во Тексас поради јавно пијанство. Тој беше ослободен од притвор во градот Ведерфорд откако плати кауција, пренесуваат странските медиуми.

Шокантната сцена се одвиваше кратко откако беше потврдено дека Бела и Адан повеќе не се заедно. Тие раскинаа по околу две години турбулентни односи. Моделот и каубојот беа поврзани и во бизнисот, заедно купија коњи вредни неколку милиони долари, што го направи раскинувањето значително покомплицирано.

Врската помеѓу Бела Хадид и нејзиното сега поранешно момче – каубој, заврши по две години, наводно поради прељуба, и дека иницијатор на раскинувањето бил Адан.

На интернет кружат теории дека раскинувањето се случило затоа што Бела била фатена во наводна афера со актерот Тејлор Шеридан, кој е во брак.

ФОТО | Се одржа најинклузивната ревија досега на „Викторијас сикрет“: Еве ги најдобрите моменти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот