Ви претставуваме рецепт за едноставен десерт кој ќе ви го разубави и заблажи денот…
Потребни состојки:
– 4 лажици чиа семе
– 250 мл млеко
– 250 мл вода
– 1 лажица мед
– 1 лажица цимет
– 2 банани

Подготовка:
Најпрвин бананите згмечете ги со вилушка.
Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте.
Смесата распоредере ја во две три чашки и оставете ја во фрижидер а отстои барем еден час.
Врз пудингот можете да додадете и изрендано црно чоколадо или мелени бисквити по желба.