Балканско дерби на ЕП, Хрватска ќе се „вади“ против Србија

Србија оствари убедлива победа на стартот од ЕП 2022/ фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

На третиот ден од Европското првенство во Унгарија и Словачка, најголемо внимание предизвикува балканската пресметка помеѓу Хрватска и Србија.

Двете репрезентации во овој дуел влегуваат во различно расположение, Србите во првото коло без проблеми ја совладаа Украина со 31:23, додека Хрватите загубија во дербито со Франција со 22:27.

Влогот во балканското дерби е пласман во следната фаза, Србија доколку победи, ќе го обезбеди најмалку второто место во групата Ц, додека пораз за Хрватска значи и крај на ЕП.

Хрватите вечерва ќе бидат посилни за Лука Цидриќ кој имаше два негативни тестови на ковид-19 и доби дозвола од ЕХФ да настапи против Србија.

Во групата А каде се наоѓа и Македонија, Словенија и Данска во меѓусебен дуел ќе одлучат за првото место во групата.

Уште едно големо дерби ќе се игра вечерва, актуелниот европски шампион Шпанија во рамки на групата Е ќе игра против светскиот вицешампион Шведска.

Двојки за денеска:
Група А
Македонија – Црна Гора (18 ч.)
Словениа – Данска (20.30)

Група Ц
Франција – Украина (18)
Хрватска – Србија (20.30)

Група Е
Чешка – БиХ (18)
Шпанија – Шведска (20.30)

Група Ф
Словачка – Литванија (18)
Норвешка – Русија (20.30)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот