Американскиот претседател Џо Бајден/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Бајден повика на брза и темелна истрага за обидот за атентат на Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден му наредил на шефот на Тајната служба да ги преиспита сите безбедносни мерки преземени пред републиканската конвенција, објави тој вечерва.

Бајден повика и на истрага за тоа што се случи на предизборниот митинг на Доналд Трамп и јавно ќе ги објави резултатите, додаде тој, истакнувајќи дека повикал на „темелна и брза“ истрага.

Американскиот претседател ја изрази „својата благодарност“ што Трамп е добро и рече дека синоќа имале „краток, но добар“ разговор. Тој изрази и сочувство до семејството на убиениот.

Бајден рече дека ќе и се обрати на американската нација вечерва во 20 часот од Овалната соба за да ја истакне потребата за единство.

„Во Америка нема место за вакво насилство или какво било насилство. Обидот за атентат е против сето она за кое се залагаме (…) како нација“, рече тој, додавајќи: „Ќе зборуваме подетално вечерва“.

Осврнувајќи се на мотивите на напаѓачот, тој рече дека во моментов нема информации. Тој ги повика Американците „да не прават претпоставки“ за неговите мотиви или политички став.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот