Бајден го повика Врховниот суд: Заштитете ги правата на жените

Американскиот претседател Џо Бајден го повика американскиот Врховен суд да не ја поништи историската пресуда на „Ро за Вејд“ од 1973 година, со која беше легализиран абортусот, по одлуката на судот во Тексас да го криминализира абортусот/ Фото EPA

Американскиот претседател Џо Бајден го повика американскиот Врховен суд да не ја поништи историската пресуда на „Ро за Вејд“ од 1973 година, со која беше легализиран абортусот, по одлуката на судот во Тексас да го криминализира абортусот, пренесува Ројтерс.

Администрацијата на Бајден изјави дека пресудата на „Ро против Вејд“ и понатамошната одлука од 1992-та година потврдуваат дека „се призна дека принудувањето на жената да продолжи со бременоста против нејзината волја е длабоко нарушување на нејзината автономија, телесен интегритет и еднаква позиција во општеството. ”

Противниците на абортусот побараа од Врховниот суд, каде што конзервативците имаат мнозинство од 6 спрема 3, да ја поништат пресудата од 1973-та година. Судот ќе започне да го разгледува ова прашање на 1-ви декември, а пресудата се очекува кон крајот на јуни 2022-та.

И Мисисипи се очекува да оди по стапките на Тексас кога станува збор за контроверзниот закон

Претставниците на Мисисипи тврдат дека пресудата за случајот Ро против Вејд е „ужасно погрешна“ и дека треба да се поништи.

САД полека, но сигурно се лизга во средниот век кога станува збор за женските репродуктивни права. На почетокот на септември, властите во Тексас одлучија де факто да го забранат абортусот по шестата недела, што предизвика жестоки критики во јавноста, но исто така ги „натера“ другите конзервативни држави да размислат за забрана на абортус.

Одлуката во случајот Ро против Вејд наведува дека државите не можат да го одложат абортусот додека фетусот не порасне доволно за да може да преживее надвор од матката, што е некаде помеѓу 24 и 28 недели. Клиниката Џексон ја тужеше државата Мисисипи за забрана на абортуси по 15 недели и тие тужби ги достави пред федералниот и апелациониот суд.

Во 2016-та и 2020-та година, Врховниот суд во неколку наврати ги поништи и забрани ограничувачките закони од Тексас и Лусицијана.

Америка на нозе: Во Тексас стапува на сила ригорозен закон за абортус, интервенира Бајден

Во Тексас усвоен закон кој речиси целосно го забранува абортусот  

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот