Бадоса подобра од двојната шампионка на Виблдон

Паула Бадоса/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Паула Бадоса обезбеди пласман во осминафиналето на Вимблдон откако по два часа и седум минути игра, ја совлада двојната шампионка на турнирот, Петра Квитова со 7:5, 7:6.

На тој начин Бадоса го повтори успехот од минатата година, кога на Вимблдон исто така играше во осминафиналето.

Петра Квитова подобро го започна мечот и направи брејк за 0:2, а потоа имаше предност и од 2:4 и 3:5, но во десеттиот гем Бадоса конечно успеа да го врати брејкот, а потоа ги доби следните два гема за 7:5 и водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет немаше брејкови, иако Квитова имаше вкупно осум брејк шанси во третиот и седмиот гем по што сетот мораше да одлучи во тај-брејкот.

Во него, шпанската тенисерка беше подобра со 7:4 и си закажа осминафинална пресметка со Симона Халеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот