Бачев: Апасиев е награден со стан во Аеродром, вози Алфа Ромео, а партијата од 2017 година има добиено 280.000 евра

Јанко Бачев истакна дека Левица е наменска партија и дека лажно се претставуваат во јавноста.

-Формирана е наменски за изборите. Таа партија е формирана есента 2015 година тогаш ВМРО-ДПМНЕ оценува дека му треба наменска партија. Мијалков го задолжува Емил Димитриев, од Левица сакале да биде Лабуристичка партија, но ВМРО смета дека е посоодветно да се Левица. Го наградуваат лидерот на таа сега партија во Аеродром со стан во зграда на Ивица Коневски, комшии се и денес таа врска се остварува, тој и денес е играч на Мијалков. На изборите настанува конфликт, Апасиев се прешалтува со Сорос, учествуваше во палење на канцеларијата на Иванов, па Заев го наградува со советничко место во СЈО со хонорар од 40 илјади денари. Се претставува како професор по Римско право, а на Јанева и требаше советник од кривично-правна обаст. Беше вметнат по задача. Очигледно Апасиев добро манипулира со масите, доаѓа со точак во Собрание, а вози Алфа Ромео, вели дека е дете на стечајни работници, Левица е партија која се бори за работниците. Тој е лажен левичар, има добиено 280.000 евра од 2017 до 2020 година. Се претставуваат левичари, а немаат фонд за помагање на луѓе и деца на транзицијата, рече Бачев.

Петровски: Мицкоски форсира поделба во партијата, Бачев: Оваа Влада е инсталирана од странски центар за промена на име, идентитет и историја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот