Петровски: Мицкоски форсира поделба во партијата, Бачев: Оваа Влада е инсталирана од странски центар за промена на име, идентитет и историја

Ќе има ли промени во раководството, оставка на Мицкоски или внатрепартиски реформи, што му недостасува на ВМРО-ДПМНЕ?

Според Филип Петровски, ВМРО-ДПМНЕ доживеа пораз бидејќи форсира поделби во партијата

-За мене Заев и Ахмети се прочитани како политички ликови, ова е компромитирана влада. Тоа што ни се случува не беше спречено од мојата партија. При промена на Устав, име, двојазничност и воведување на Рамковниот договор во преамбулата на Уставот, било кој да се кандидира требаше да го победи Заев со мининум 200 илјади гласови разлика. Се тоа што се случи после тоа е формалност и една неизбежна реалност која не сакаше да ја види само Мицкоски. Поразот се случи бидејќи тој форсира поделби во партијата, не беше понудена соодветна структура на листите и не беа прибрани сите десничарски гласови на едно место, туку приватна линија луѓе кои приватно се врзни со него во бизнис релации. Зборуваем за хидроцентралите од кои наводно се ослободил, но знаеме дека луѓе околу него со соработна на тајните служби, се врзани во бизнис интереси и партијата ја користат на тој начин. Нивната неспособна структура да го поразат Заев ќе ја чини Македонија 4 години. Ќе се дојде до стимулација на иселување, тоа мене ме боли. Ќе имаме Влада на Заев, рече Петровски.

Јанко Бачев смета дека сите влади во изминатите 30 години се резултат на американската амбасада.

-Не е ништо ново со владиниот состав, нив ги прави американската амбасада. Кога си замина Љубчо Георгиевски, го промовираше Груевски, па се предомисли и сакаше да се врати, тогаш од 15 членови на извршниот комитет 13 застанаа зад него, а зад Груевски само двајца. Кога сакаше Груевски сакаше да си замине доби повик од американската амбасада да се врати назад. Оваа Влада е инсталирана од странски центар за да промени име, идентитет и историја и тоа се случи, рече Бачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот