Бабиќ: Ја исполнив едната своја мисија, да освоиме трофеј за нашата Битола

Следен предизвик за Жељко Бабиќ е четвртфиналниот СЕХА дуел со белорускиот Мешков/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во средата во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје составот на Е. Пелистер го освои Суперкупот на Македонија 2021 триумфирајќи над Вардар 1961 со резултат 31:22.

На тој начин битолчани се закитија со единствениот национален трофеј кој им недостигаше. За Е. Пелистер ова е прва домашна титула по 16 години, по двојната круна во 2005 година.

Хрватскиот тренер на екипата, Жељко Бабиќ го освои првиот трофеј со клубот на домашната сцена..

По натпреварот тој не можеше да го сокрие своето задоволство, истакнувајќи дека е среќен што успеал да донесам титула во Битола, што според него е одлично како најава за сезоната што следи. Смета дека добро го искористиле фактот што на Веселин Вујовиќ (тренерот на Вардар 1961) му фалеа низа играчи.

– Добро го искористивме отсуството на низата играчи од Вардар и секако дека поголемата ротација го одлучи победникот. Имавме и добри голмани. Одигравме во доста висок ритам. На сите ни беше сон да дојдеме до титула, можам да кажам дека ја исполнив едната своја мисија, да освоиме еден трофеј за нашата Битола – рече Бабиќ.

Утре изутрина ракометарите на Еурофарм Пелистер се селат во Струга, каде го бранат трофејот освоен на интернационалниот турнир минатата година.

Со македонски екипи, без интернационални гости денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга почнува 49. издание на „Струшкиот ракометен турнир“. Традиционалниот турнир ќе го отворат екипите на домаќинот Струга и Вардар, а по свеченото отворање силите на теренот ќе ги одмерат Тиквеш и Металург.

ФОТО: Суперкуп трофејот во рацете на Е. Пелистер, прекината доминацијата на Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот