Кристијан Штокер, претседател на ОВП/Фото: HELMUT FOHRINGER / AFP / Profimedia

Австрија добива нова коалициона влада

Патот за тројната коалиција на популисти, социјалдемократи и либерали во Австрија е отворен откако партиската база на либералната партија Неос на референдум го одобри влезот на нивната партија во коалициската влада.

„94,1 отсто од членовите на Неос кои гласаа гласаа за влез на партијата во коалиција со Народната партија и Социјалдемократите“, соопштија од раководството на партијата Неос по референдумот спроведен по дигитален пат.

Претседателката на партијата и најверојатно иден министер за надворешни работи на Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, им се заблагодари на членовите на партијата за поддршката на планот за влез во коалицијата.

„Ова е навистина историски момент“, рече Мајнл-Рајзингер.

Австриската народна партија (ОВП), Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и либералниот Неос пред неколку дена претставија коалициски договор.

Новата влада, која ќе биде предводена од претседателот на ОВП, Кристијан Штокер, планира построги закони за миграција, поповолна даночна политика за просечните граѓани и најавува континуитет во надворешната политика и политиката на ЕУ, што вклучува континуирана поддршка за Украина во одбраната од руската агресија.

ОВП, СПО и Неос веќе преговараа за коалиција по изборите во септември, но преговорите пропаднаа во февруари поради несогласувањата меѓу СПО и Неос.

После тоа, мандатот за формирање влада го доби десничарската популистичка Партија на слободата на Австрија (ФПО), која исто така освои најмногу гласови на изборите во септември. ФПО преговараше со ОВП, но и овие преговори пропаднаа поради несогласувања околу поделбата на одговорностите.

После тоа, австрискиот претседател Александар ван дер Белен ги повика ОВП, СПО и Неос повторно да седнат на преговарачка маса и да покажат поголема волја за компромис.

Новата влада треба да положи заклетва во понеделник во парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот