Австралиски Квантас во загуба 1,4 милијарди американски долари

Извршниот директор Алан Џој рече дека условите на пазарот се најлоши во 100-годишната историја на Квантас.

Австралиската авиокомпанија Квантас ервејс предупреди дека затворањето на сојузните граници сериозно го попречува опоравувањето на домашниот воздухопловен пазар, што, заедно со намалувањето на меѓународните летови, ќе резултира со значителна загуба во тековната финансиска година.

Австралиската авиокомпанија објави денеска дека во фискалната година, која заврши на 30 јуни, забележала нето загуба од 1,96 милијарди австралиски долари (1,41 милијарди американски долари).

Ова е една од најголемите загуби што некогаш ја имала компанијата, предизвикана од падот на вредноста на инвестициите на Квантас во акции и други средства, како и трошоците за реструктуирање со цел полесно да се надмине кризата со коронавирус.

Извршниот директор Алан Џој рече дека условите на пазарот се најлоши во 100-годишната историја на Квантас и дека е потребна национална временска рамка за тоа кога сојузните држави ќе можат да отворат граници за да ги зајакнат домашните летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот