Австралијците грмат кон судиите: Ова е е**на срамота!

Австралиските кошаркари не можат да го преболат поразот од Шпанија во полуфиналето на СП по две продолженија, и за нив главни виновници за тоа се судиите. Најгласен во прозивките кон судиите беше центарот Ендрју Богут на кого му беше досуден прекршок на 8.7 секунди до крајот иако шпанскиот центар Марк Гасол беше тој што стартуваше зад грб.

Богут веднаш по завршувањето на натпреварот, во новинарската зона грмеше: „ФИБА, ова е срамота. Судиите беа е…о срамни. Колку пари земавте“, негодуваше Богут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот