Австралија забранува напуштање на земјата за сите државјани

ФОТО: EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралијците кои живеат во странство ќе им биде забрането да ја напуштат земјата, откако владата ги прошири мерките на границите поради големиот раст на бројките на заболени од Ковид-19, пренесува Гардијан. Некои експерти тврдат дека ваквите мерки се против уставот. 

Забраната за напуштање на земјата ќе важи и за жителите на Австралија, вклучително и оние што живеат во други земји. 

Доколку луѓето ќе сакаат да ја напуштат земјата, тие мора да аплицираат за ослободување што може да се даде, меѓу другото, за работа, студирање или хуманитарни причини. 

На 1 август, министерот за здравство Грег Хант го измени законскиот инструмент со кој се воведе забрана за патување во странство и дополнително ги заостри правилата за австралиските граѓани или постојаните жители. 

Сиднеј пријави рекордни 279 случаи на „ковид-19“ во последните 24 часа, во однос на претходниот рекорд од 259 дена претходно, а австралиската држава Нов Јужен Велс регистрираше рекордни 291 случаи.

27-годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19 во Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот