27-годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19 во Австралија

Сиднеј Австралија
Сиднеј, Австралија за време на пандемијата/ Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Смртта на младото момче од Сиднеј ја потресе цела Австралија, каде најголемите градови се наоѓаат во карантин, пренесува Гардијан. 

Ауд Аласкар (27) е најмладата жртва на Ковид-19 регистрирана во Австралија од почетокот на пандемијата. Досега немаше ни еден смртен случај на пациент во неговите 20-ти години. 

Момчето починало во неговиот дом во јужен Сиднеј, а подоцна беше соопштено дека тој не бил вакциниран. 

Вирусот му бил пренесен од неговата жена, пренесува Еј-Би-Си. 

„Ќе го паметиме како перфектниот човек. Тој беше толку мил, толку добар, немаше проблем со никому“ изјави братучедот на Аласкар за Еј-Би-Си. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот