„Avatar: The Way of Water“: Хитот на „Дизни“ ја зголемува цената на акциите на компанијата
Акциите на „Дизни“ скокнаа за повеќе од 26 проценти само во изминатиот месец, поттикнати од успехот на „Avatar: The Way of Water“.
Препорачано
„Avatar: The Way of Water“, продолжението на филмот со најголема заработка во историјата на кинематографијата – „Avatar“ (2009), излезе пред шест недели, а веќе заработи 2 милијарди долари на бокс-офисот ширум светот.
Номинациите за филмската награда Оскар доаѓаат во време на предвидувањата дека „Avatar: The Way of Water“ наскоро ќе го надмине „Titanic“ како втор филм со најголема заработка на сите времиња.
View this post on Instagram
Фактот дека производството на третото продолжение на „Avatar“ е веќе започнато, додека четвртото продолжение е веќе напишано и петтото продолжение се планира, сугерира дека „Дизни“ ќе има огромен прилив на пари во наредните години. Но, иако успехот на филмот е нешто за што сите зборуваат, „Дизни“ успева и во другите свои потфати.
Нивната филмска платформа, Дизни плус, рапидно расте, а бројот на претплатници се зголеми за повеќе од 12 милиони во последниот квартал од 2022 година, објави српскиот медиум „Данас“.
Компанијата има за цел да се натпреварува со Нетфликс, а некои аналитичари проценуваат дека платформата ќе има повеќе од 200 милиони претплатници до 2025 година.


