АТП: Медведев на врвот, Ѓоковиќ е трет пред настапот на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ атакува на нов трофеј/фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Прв и понатаму е Русинот Данил Медведев со 7,955 поени на АТП ранг листата, остана без 205 поени, а Александар Зверев од Германија е втор со 7,030, додека трет е Новак Ѓоковиќ со 6.770 поени.

Новак Ѓоковиќ е трет во светот со 6,770 поени пред почетокот на „Вимблдон“, третиот Грен слем турнир оваа сезона.

Шпанецот Рафаел Надал е четврти и му дише во врат на српскиот ас со 6,525 поени, следуваат Стефанос Циципас (5.,150), Каспер Руд (5,050), Карлос Алкараз (4,890), Андреј Рубљов (3,870), Феликс-Оже Алијасим (3,760) и Хуберт Хуркач (3,735).

Роџер Федерер наскоро ќе испадне од топ 100 во светот, моментно е на 97 позиција на АТП листата со само 600 бодови.

Ѓоковиќ од почетокот на годината не можеше да се натпреварува за дури 4.000 АТП поени (Австралија опен, Индијан Велс и Мајами), а нема да може да одбрани 2.000 поени ниту на Вимблдон. АТП го казни Вимблдон, па нема да има бодови бидејќи Англичаните им забранија на Русите и Белорусите да се натпреваруваат. Сето ова му создаде проблем на Ѓоковиќ, кој најверојатно по Лондон ќе падне дополнително на АТП листата.

Играта на трева на Ѓоковиќ е супериорна и тој е главен фаворит за триумф на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот