Атлетика во Токио: Чопра и донесе историско злато на Индија, доминација на Сифан Хасан

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

За прв пат од 2008 година Индија освои златен медал на Олимписки игри, а Нераџ Чопра и го донесе првиот златен медал на својата држава во атлетика во историјата на олимпизмот.

Чопра до златниот медал дојде фрлајќи го копјето 87.58 метри во втората серија од финалето. Индиецот победата ја најави уште во првото фрлање бидејќи префрли 87.03 метри и беше единнствениот финалист кој префрли 87 метри.

Со триумфот во Токио, Чопра покажа дека има светла иднина, тој има златен медал од Азиските игри, Игрите на Комонвелтот и ќе се обиде да дојде до златото и на Светското првенство. Сребрениот и бронзениот медал заминаа во Чешка. Јакуп Вадлејх со должина од 86.67 метри  додека третото место му припадна на Витеслав Весели со 85.44 метри.

Холанѓанката Сифан Хасан го освои златниот медал на трката на 10.000 метри. Таа славеше со време од 29:55.33 минути. Второто место и сребрениот медал го освои Калкидан гезахенде од Бахреин додека третото место и припадна на Летесенбет Гидеј од Етиопија.
Ова е втор златен медал на Хасан на Игрите во Токио, таа претходно победи на трката на 5.000 метри, додека на 1.500 метри го освои сребрениот медал.

Младиот Норвежанец Јакоб Ингебригтсен е нов олимписки шампион на 1.500 метри. Ингебригтсен во финалето успеа да го победи светскиот шампион Тимоти Чериот од Кенија и да слави со време на нов олимписки рекорд од 3:28.32 минути. Бронзениот медал му припадна на Џош Кер од Велика Британија кој во финишот беше подобар од Абел Кипсанг од Кенија кој пак во полуфиналето го собори олимпискиот рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот