фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Атанасов пред реваншот со Спартак: Нема предавање, ќе се бориме до последниот атом енергија

В сабота кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе го играат возвратниот натпревар од полуфиналето во АБА 2 лигата против Спартак Суботица од 19.00 часот.

Во првиот меч српската екипа триумфираше против актуелниот македонски шампион со резултат 85:80.

И покрај поразот, тренерот на „металците“ Васко Атанасов верува дека неговите играчи ќе го дадат максимумот на реваншот да се анулира негативата и со пресврт обезбедат финале.

– Нема предавање, без разлика што мечот ќе го почнеме со стартна негатива. Изминатава недела работевме на исправање на покажаните слабости, како и на пронаоѓање нови начини како би можеле да го изненадиме силниот противник. Наша цел е да се бориме до последниот атом енергија, да дадеме сè од себе и да пробаме да вратиме на идентичен начин. Нема да биде лесно, Спартак Суботица е квалитетен тим со голем буџет и големи амбиции, но тоа нема да значи дека нема да ги примораме сериозно да се испотат ако сакаат да дојдат до финалето. Очекувам возбудлив и до крај неизвесен меч во кој пак ќе решаваат финеси – вели Атанасов.

Своите очекувања за утрешниот дуел ги сподели и играчот на МЗТ, Ејасу Ворку:

– Ситуацијата во која се најдовме не е лесна, но не е ни безизлезна. Повторно сè зависи од нас самите и од начинот на кој ќе одиграме. Ќе мора малку повеќе да веруваме со сопствените можности и да бидеме поагресивни. Ако го сториме тоа ќе имаме можност ако ништо друго до крајот на средбата да бидеме во можност да ја надополниме негативата од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот