Атанасов дебитираше со асистенција против Динамо Загреб! (ВИДЕО)
Денеска во рамките од четвртото коло во најдобрата хрватска лига во дербито Динамо Загреб како гостин триумфираше над Хајдук Сплит со конечен резултат 1:2 на стадионот „Пољуд“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За „модрите“ целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој воедно ја носи капитенската лента на Динамо. Поведоа гостите со голот на Кастрати во 42 минута, а зголемувањето на предноста се случи на стартот од втоирот дел благодарение на Оршиќ.
АСИСТЕНЦИЈАТА НА АТАНАСОВ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА 04:00 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ:
Ова лето во редовите на Хајдук Сплит дојде нашиот играч Јани Атанасов кој беше резерва и доби шанса за дебитантски настап. Влезе во игра како замена за Цакташ во 86 минута, а само 120 секунди подоцна изведе корнер и убаво го пронајде Јуриќ кој реализираше со глава.
Тренерот на домаќините Вукас сигурно уште од следниот меч ќе му даде поголема шанса на младиот 20-годишен фудбалер Атанасов.
Потсетување дека следниот предизвик Хајдук Сплит ќе го има во Лига Европа, в четврток во Скопје во второто квалификациско коло на Лига Европа ќе игра против Ренова.


