Аталанта добро би заработила, Барса преговара со германскиот херој кој „експлодираше“ на ЕП!

epa09286450 Germany player Robin Gosens (L) celebrates his 4-1 lead during the UEFA EURO 2020 group F preliminary round soccer match between Portugal and Germany in Munich, Germany, 19 June 2021. EPA-EFE/HUGO DELGADO (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Робин Госенс (26), брилијантното лево крило на Аталанта кој подоцна се разви во уште подобар играч и потоа дебитираше за Германија, го привлече вниманието со своите игри на Европското првенство.

Кога беше најпотребно, по поразот на стартот од Франција, својата врвна форма ја покажа против европскиот шампион Португалија со импресивна победа од 4:2.

Животна партија одигра Госенс запишувајќи еден гол и две асистенции во триумфот над Португалците. Минатата сезона постигна 12 погодоци за Аталанта и забележа осум асистенции.

Госенс, новиот германски херој со интересен живот и професионален пат, кој никогаш не играл во Бундеслигата, го посакува Борусија Дортмунд. Но, германскиот „Спорт1“ открива, а каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона веќе стапила во контакт со агентот на Госенс ​​и започнала преговори со него.

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Аталанта не е против продажба на својот клучен играч, има договор со калчолигашпт до 2023 година и би го продала за 35 милиони евра. Доколку Барса се согласи за оваа цена, Аталанта ќе се покаже како една од најдобрите продавачи на пазарот. Имено, Госенс беше купен од холандскиот клуб Хераклес во летото 2017 година за нешто повеќе од милион евра. Значи, таа би заработила 34 пати повеќе од тоа.

И тренерот на каталонската екипа, Роналд Куман инсистира на Госенс. Пред да стане тренер на Барселона, тој беше селектор на Холандија и се обидуваше да го убеди да игра за „лалињата“. Тој имаше и добра причина за тоа, бидејќи Госенс ​​не само што се проби во Холандија, воедно неговиот татко е Холанѓанец и има државјанство на таа земја.

На крајот Госенс ​​се одлучи да ги брани боите на германскиот дрес, за кого минатата година дебитираше во Лигата на нациите, а сега „експлодираше“ на Евро 2020.

Германија бара стадионот во Минхен да е во боите на ЛГБТ заедницата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот