Германија бара стадионот во Минхен да е во боите на ЛГБТ заедницата

Градоначалникот на Минхен, Диетер Реитер, денеска изјави дека од УЕФА ќе бара боите на стадионот во среда, на натпреварот помеѓу Германија и Унгарија, да бидат во боите на ЛГБТ заедницата, по повод на месец на гордоста, пренесува Политико.еу.

Според него, месецот на гордоста е нешто што баварскиот главен град го подразбира како доста сериозно. Со ова, како што вели Реитер, се повикува за резолуција, поддржана од сите политички партии во Минхен, и тој ги предизвикува УЕФА да го прифатат ова барање кое ќе донесе видлив знак на солидарност со ЛГБТ заедницата на Унгарија.

УЕФА изјавија дека се против хомофобијата во фудбалот, како подршка за еднаквоста и разновидноста, но тоа се е само на хартија. Германскиот голман и капитен на тимот, Мануел Нојер на натпреварот со Португалија, капитенската трака му беше во боите на ЛГБТ заедницата, по што УЕФА изјави дека тие ќе испратат можна тужба до германската федерација. Но денеска УЕФА соопштија дека на Нојер ќе му биде дозволено да ја носи капитенската лента во тие бои.

По оваа одлука, на УЕФА ќе и биде многу тешко да се договори со владата на Унгарија, од каде велат дека искажувајќи солидарност со ЛГБТ заедницата е политичка изјава, со што тие препорачуваат забрана за виножитото на стадионите. Ова ќе представува сериозен предизвик за меѓународните корпорации да го задржат своето правило дека во спортот не смее да се меша политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот