Артета во јануари посакува голем трансфер во Арсенал

Шпанскиот менаџер на Арсенал, Микел Артета/Фото: EPA-EFE/Jon Super/POOL

Во изминатиот период се шпекулираше дека моментно најдобриот стрелец во Серија А, Душан Влаховиќ се наоѓа во желбите на Арсенал.

Од различни извори е потврдено дека понудата изнесува 55 милиони евра плус Тореира кој вреди 15 милиони и веќе е на позајмица во Тоскана.

Фиорентина, во чии редови блеска српскиот репрезентативец Влаховиќ засега молчи, а и самиот играч и натаму не е убеден дека Арсенал е правото решение за него, дури и доколку клубот ја прифати понудата.

Менаџерот на „топџиите“, Микел Артета призна ќе се обиде да ангажира квалитетно засилување оваа зима.

– Доколку имаме средства, јасно е дека мора да ја искористиме зимата и да ги претекнеме ривалите – рече шпанскиот стратег без да споменува имиња.

На табелата во Премиер лигата Арсенал е четвртопласиран со 35 бодови, водечки е Манчестер сити (53), пред Челси (43) и Ливерпул (42).

Во меѓувреме „виолетовите“ ангажираа нов напаѓач, станува збор за досегашниот член на Херта Берлин, Полјакот Кшиштоф Пјонтек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот