Артета не го интересира рекордот што Арсенал го постави во Лигата на шампионите
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета изјави дека убедливата победа против ПСВ во Лигата на шампионите донесе радост, самодоверба и верба кај неговите играчи, но дека не го занесуваат рекордите.
Препорачано
Арсенал синоќа во Ајндховен го совлада ПСВ со 7:1, во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Ова е првпат во историјата на натпреварувањето тим да постигне седум гола на гостински терен во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
– Сигурно, тоа е нешто што никој не го направил и прекрасно е да се биде дел од него. Но, како тим сакаме да постигнеме многу други работи кои се многу поважни од тоа. Најсреќно е што сме во многу силна позиција да се пласираме во следната рунда, каде што сакаме да бидеме – рече Артета, пренесе Скај.
Реваншот помеѓу Арсенал и ПСВ е закажан за 12 март во Лондон.
Арсенал не успеа да постигне гол на претходните два натпревари, ремито против Нотингем форест и поразот од Вест Хем со 0:1, па многумина не очекуваа убедлива победа во Ајндховен.
Арсенал постигна најмногу голови во еден натпревар минатата ноќ во последните 13 години, по победата со 7:3 над Њукасл во Премиер лигата.


