Арсовска најави и денеска поднесе кривична пријава против Цементарница „Усје“

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Она што неодамна го најави градоначалничката Данела Арсовска, денеска е спроведено – поднесена е кривична пријава против Цементарницата „Усје“. Во пријавата, одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А- интегрираната дозвола, која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон обврските за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух.

Од Град Скопје наведуваат дека Цементарницата „Усје“ како што се покажало при мерењата на 3 и 4 јануари, испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, поточно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час. Забележано било и зголемен испуст на азотни оксиди за најмалку двапати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час.

Притоа, како што велат од Градот, производниот процес на Цементарницата е непрекинат и се одвива секој час секој ден во текот на годината.

 Поради овие дејствија, против Цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“. За овие дела е предвидена затворска казна – соопштуваат од Градот.

Оттаму апелираат до Основното јавно обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи соодветно по кривичната пријава.

Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања – велат од Град Скопје.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ влезе во дворот на „Усје“: Што точно гори цементарницата во печките?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот