Арсенал во финишот обезбеди полуфинале на ФА купот (ВИДЕО)

фото: твитер

„Топчиите“ успеаја да се пласираат меѓу најдобрите четири екипи сезонава во ФА купот откако денеска во четвртфиналето го елиминираа Шефилд јунајтед.

Арсенал стекна предност во 25 минута на ова гостување, прецизен од белата точка беше Пепе.

Во 87 минута домаќините дојдоа до израмнување благодарение на Мекголдрик кој ја искористи невнимателноста во одбраната на лондонскиот клуб.

Играчите на Артета дојдоа до победата во судиското надополнување преку Дани Себалјос и така по 30 пат (рекордер заедно со Манчестер јунајтед) во својата историја, Арсенал е во полуфиналето на ова натпреварување.

Во саботата место во полуфиналето обезбедија и „црвените ѓаволи“ кои беа подобри од Норич.

Треба да се дознаат уште двајца учесници во следната фаза, од 17.00 часот Лестер ќе игра со Челси, а од 19.30 часот Њукасл ќе ги одмери силите против Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот