Јунајтед во продолжението го скрши отпорот на Норич за полуфинале во ФА купот

EPA-EFE/Cath Ivill

Манчестер јунајтед со 2:1 го совлада Норич и се пласира во полуфиналето на најстарото клупско натпреварување.

Фудбалерите на Норич со играч помалку одолеваа на нападите на Манчестер јунајтед и успеаја да останат непоразени во регуларниот дел од натпреварот.
Иако во првото полувреме немаше голови, „црвените ѓаволи“ доминираа, а одличната игра на крунисаа на стартот од вториот дел во 51. минута со голот на Игало.

Норич израмни на 15. минути до крајот кога Калдвел успеа да го совлада Серхио Ромеро. Работите станаа полоши за Норич кога во 87.минута Тим Клосе заработи црвен картон.

Во продолженијата фудбалерите на Манчестер доминираа, имаа дури 80% од поседот но не успеваа да го совладаа одличниот голман Крул. На крајот тоа му успеа да Хари Мегваер кој во последните моменти од второто продолжение успеа да постигне гол и да го однесе својот тим во полуфиналето од ФА купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот