Арсенал си купи бек за 27 милиони евра (ФОТО)

arsenal.com

Тирни (22) имаше 170 одиграни натпревари и досега 12 пати го носеше дресот на најдобрата шкотска фудбалска репрезентација.

Прво ги помина задолжителните лекарски прегледи и веднаш им се придружи на своите нови тимски колеги, ќе го носи бројот 3 на својот дрес.

– Мило ни е што Киран му се придружи на тимот. Тој е еден многу талентиран играч кој ќе продолжи да се развива. Ги зголемува нашите опции на дефанзивен план и едвај чекам да биде со останатите во екипата – вели менаџерот на Арсенал, Унаи Емери.

Претходно на позајмица дојде Себаљос од Реал Мадрид за 15 милиони евра, како и младиот напаѓач Мартинез од бразилската екипа на Итуано.

Во последен час исто така досегашниот член на „топчиите“, Ивоби за 35-40 милиони фунти се сели во Евертон, иако сеуште нема потврда на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот