Аргентински тенисер уапсен во Париз, пијан нападнал таксист

Франциско Серундоло/ фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло е уапсен во Париз бидејќи наводно во алкохолизирана состојба нападнал таксист.

Инцидентот се случил ноќта меѓу средата и четвртокот, а според изјавата на таксистот дадена во полиција, Серундоло заедно со уште четворица пријатели.

Петмината сакале да влезат во такси, но тоа не го дозволил таксистот, по што физички бил нападнат од Серундоло. Според такситот, аргентинскиот тенисер бил под дејство на алкохол.

Покрај Серундоло, уапсен е и еден негов пријател, но поради недостиг на докази и двајцата биле ослободени. Серундоло, настапот на Ролан Гарос го заврши во првото коло откако со 3:0 во сетови загуби од Даниел Еванс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот