Апликацијата „Тиндер“ со нови можности за запознавање на потенцијални партнери

pexels

Оваа недела популарната апликација за запознавање потенцијални партнери „Тиндер“ прави големи ажурирања, со цел, како што велат, на корисниците да им даде поголем контекст за личноста со која можеби сакаат да се дружат.

Апликацијата добива таб за пронаоѓање, слично како на социјалната мрежа „Инстаграм“, што ќе им овозможи на луѓето да дојдат до различни начини за интеракција и запознавање на потенцијални партнери.

pexels

Во табот за пронаоѓање, корисницните ќе можат да најдат активности како „Swipe Night“, интерактивна видео игра на „Тиндер“ и нова опција наречена „Hot Takes“. Во тој режим, од 18:00 часот до полноќ по локално време, корисниците ќе можат да одговорат на прашања од типот „Кој од нивните „избраници“ е најпретенциозен?“ кои ќе исчезнат доколку никој не реагира за 30 секунди.

Ова е првпат потенцијалните партнери да можат да зборуваат пред да остварат „спојка“, а идејата е да им се даде за што да разговараат и да се процени дали постои хемија во текот на разговорот.

pexels

Идејата, вели извршниот директор Џим Ланзон, е да им се даде на луѓето поголема контрола и можности за одбирање на потенцијален партнер низ морето корисници.

Ова, за прв пат, им овозможува на корисниците да постават „филтри“, надвор од локацијата и возраста, за алгоритмот на „Тиндер“, пишува „The Verge“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот