Димитар Апасиев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Апасиев закажа нова Комисија за Кочани – на неа ќе може да се обратат родителите на загинатите

Пратеникот и лидер на опозициската Левица кој е и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права за на 9 декември закажа седница на Комисијата по поднесена претставка од Здружението на родителите на загинатите деца од Кочани и на оваа седница ќе може да се обратат родителите.

– Сметам дека ова е во највисок јавен интерес и поради тоа седницата ја закажав согласно моите деловнички овластувања за на 9 декември 2025 година, со цел да не се поклопи со распоредот на судења кој што е објавен од судот, бидејќи судењата се чести и симболично 10 декември е Светскиот ден човековите слободи и права, а родителите во нивната претставка се повикуваат токму на правото на живот како највисоко право коешто остана незаштитено ноќта на трагедијата. Оттука, ова мое циркуларно писмо е доставено до сите членови, заменици на Постојаната анкетна комисија и како поканети се дополнително собранискиот претседател, потпретседателите, координаторите на пратеничките групи, премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на Република Македонија и подносителите на претставката. Тоа значи дека и подносителите на претставката ќе имаат право да се обратат на оваа седница. Мислам дека ќе се постигне една институционална бариера да се скрши, а тоа е конечно родителите на тие деца да имаат право да се обратат од Собранието, затоа што тоа досега им беше целосно оневозможено – рече Апасиев.

Ова како што објасни Апасиев е редовна седница на Постојаната анкетна комисија, а не надзорна или јавна расправа, односно иницијативата на власта за Анкетна комисија за сите трагедии е друга анкетна комисија.

-Таа ќе биде ад-хок комисија која треба да 45 дена или два месеци да заврши со квази истражни функции. Бидејќи ние по закон и Деловник не смееме да истражуваме како Јавното обвинителство, но можеме да лоцираме политичка одговорност. Значи, мојата Комисија со која јас претседавам е Постојана анкетна комисија и таа редовно си работи без оглед на овие две, а овие две едната од ВМРО-ДПМНЕ и другата од опозицијата се посебни анкетни комисии кои се ад-хок тела и кои се уште не се формирани. Има само иницијатива, рече Апасиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот