Тошковски - Министер за внатерешни - Фото - Слободен печат / Методи Здравев.
Тошковски - Министер за внатерешни - Фото - Слободен печат / Методи Здравев.

Апасиев: Не се забрануваат протести, целта е да му се национализира приватната парцела на Тошковски

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев се огласи со објаснување по предложениот закон со кој ќе се прогласи просторот околу Собранието за безбедносна зона. Тој тврди дека со законот не се забрануваат протести, туку, како што вели, целта е да се национализира приватната парцела околу Собранието на министерот за внатрешни работи Панче Тошковкси.

„Ај да не бидеме незрели и наивни… Целта на Законот за безбедносна зона околу Собранието е да му ја национализираме приватната парцела на клиентот на Панче Тошковски (вмровска фирма која у време грујово си го “купила” тревникот позади парламентот кај Дом на АРМ, сакајќи да гради лепенка) – а не да се забрануваат протести!

Согласно котите, булеварот пред Собрание си останува слободен за протести. Не наседнувајте на секој спин, новинарска патка и “кромид вест”, мајке ми. Проверете“ напиша Апасиев на Фејсбук.

Вчера во Собранието беше предложен закон со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Пратениците здружено и во итна постапка забрануваат секакви собири пред Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот