Пратеници на седница во собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Пратениците здружено и во итна постапка забрануваат секакви собири пред Собранието

Во Собранието е предложен закон со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

Овој предлог, судејќи според дел од содржината на законот, е одговор на случајот со катната гаража која требаше да се гради во дворот на Собранието, откако приватен инвеститор го купил државното земјиште на наддавање и добил маркичка за изградба на објектот во 2014 година. Во предлог-законот се предвидува укинување на сите дозволи за градба во зоната кои се одобрени пред неговото стапување во сила, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.

Но, заедно со ова, предложениот закон, кој веќе е во фаза на второ читање, предвидува сериозни ограничувања на движењето и собирањето околу зградата на Собранието, вклучувајќи и забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности и поставување инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.

Во членот 8 од предлог-законот, конкретно се забрануваат:

Градежни активности;
Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;
Одржување на јавни собири, протести или манифестации;
Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.

Во предлогот се споменуваат примерите на Австрија, Белгија, Германија, Романија и други земји каде просторот околу парламентот е регулиран на сличен начин, според предлагачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот