Антонио Бандерас позитивен на коронавирус: Се чувствувам малку поизморено од вообичаено

Фото: Профимедиа

Сакам да ве известам сите дека денес, 10-ти август, сум принуден да го прославам својот 60-ти роденден во карантин бидејќи се тестирав за Ковид-19 и резултатот е позитивен, напиша Бандерас.

Шпанскиот актер Антонио Бандерас е позитивен на коронавирусот. Оваа информација тој пред околу 4 часа ја сподели на својот Инстаграм профил.

– Сакам да ве известам сите дека денес, 10-ти август, сум принуден да го прославам мојот 60-ти роденден во карантин бидејќи се тестирав на Ковид-19 и резултатот е позитивен. Сакам да додадам дека се чувствувам релативно добро, само малку поизморено од вообичаено и уверен сум дека што поскоро ќе закрепнам следејќи ги медицинските инструкции за кои се надевам дека ќе ми овозможат да победам, напиша тој.

Фото: Инстаграм

Ќе ја искористам изолацијата за да читам, пишувам, да се одморам и да продолжам да создавам планови, напиша Бандерас на Инстаграм покрај слатката фотографија од неговото детство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот