Антониа Гиговска - Фото: Инстаграм

ФОТО | Емотивна честитка за јубилејниот 25 роденден на пејачката со волшебен глас: „Среќен роденден љубов моја“

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска денеска го слави својот 25-ти роденден. Родена на 21 јануари 2001 година во Скопје, Антониа веќе со години важи за едно од најпрепознатливите и највлијателни имиња на домашната, но и регионалната музичка сцена.

Нејзината музичка приказна почна уште многу рано, под менторство на професорката Ана Костадиновска, а пошироката јавност ја запозна преку шоуто „Пинкови ѕвездички“, каде во 2015 и 2016 година го освои 7-то место и покажа дека Македонија има нов, сериозен вокал.

Само неколку години подоцна, во 2018, Антониа веќе ја претставуваше Македонија на реномираниот романски фестивал „Златен Елен“, каде го освои високото второ место. Истата година ја освои и домашната публика со нејзиниот прв сингл „Невреме“, а победата на Макфест 2018 со песната „Никогаш не вели никогаш“ уште еднаш го потврди својот музички потенцијал.

Во 2018 беше придружен вокал на „Eye Cue“ на „Песна на Евровизија“ во Лисабон, а една година подоцна и како дел од тимот на Тамара Тодевска, кога Македонија го оствари историското 7-мо место.

Следеа хит по хит. Песната „Mogli smo u dvoje“ стана број 1 на радио-станиците во Србија, „Ванила“ со Панчо од ДНК се врти и ден-денес, а „Крива сум“ доби и номинација за најдобар македонски спот. „Магнет“, „Хиена“, „Атлантида“, „Хабиби“, „Жена“, „Мразам што те сакам“ се едни од многуте песни кои бројат илјадници прегледи.

По повод нејзиниот роденден, првата честитка Антониа ја доби од сопругот Роберт, со кој го имаат синот Киан. Честитката беше споделена и на нејзиниот инстаграм-профил.

По неа следеа и многу пораки со убави желби од пријателите, колегите, обожавателите и семејството, кои уште еднаш покажаа колку Антониа е сакана, не само како артист, туку и како личност.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот