Антиваксерка од Белфаст и нејзината ќерка починале од ковид, одбиле да се вакцинираат

Белфаст за време на карантин/ Фото EPA-EFE/MARK MARLOW

Антиваксерка од Ирска и нејзината ќерка починале во рок од неколку недели во болницата во Белфаст, откако двете се заразиле со ковид.  

Би-Би-Си јавува дека Семи-Џо Форде (32) починала во саботата во болницата Услтер додека лежела во исто одделение со нејзината мајка Хедер Мадерн (55), која починала на 31-ви август.  

Пред смртта, Мадерн ширела неколку теории на заговор за коронавирусот на социјалните мрежи, пишува Дејли Меил.  

Форде и Мадер биле негуватели и биле меѓу првите луѓе кои можеле да се вакцинираат кога започнала вакцинацијата во Ирска, минатиот јануари.  

Таткото на Форде, Кевин Мекалистер, за Би -Би -Си изјави дека е многу потресен поради загубата на својата ќерка и сопруга. 

„Ја загубив ќерка ми, мојата најдобра пријателка“, рече тој, додавајќи дека Форде има четири деца и е многу блиска со нејзината мајка. „Тие работеа, живееја и умреа заедно“, додаде тој.  

Тој вели дека не знае зошто неговата сопруга и ќерка не се вакцинирале кога им била понудена. 

„Луѓето кои не се вакцинираат, не размислуваат за другите што ги оставаат“, рече накратко. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот