Фото: Coconuts

Повеќе разводи, помалку бракови — кризата се случува по петтата година

Во 2025 година во Македонија биле склучени 10.507 брака, што претставува намалување од 5,1 процент во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во истиот период биле регистрирани 2.185 разводи, односно 8 проценти повеќе во однос на претходната година.

Најмногу бракови биле склучени во август — 1.362, што претставува 13 проценти од вкупниот број склучени бракови. Најмалку бракови имало во март, кога биле склучени 473 брака, односно 4,5 проценти.

Податоците покажуваат дека најчесто се стапува во прв брак. Кај жените, првиот брак учествува со 92,8 проценти, а кај мажите со 92,1 процент. Во втор и трет брак почесто стапуваат мажите — во втор брак со учество од 7,1 процент, а во трет брак со 0,8 проценти од вкупниот број склучени бракови.

Просечната возраст при склучување прв брак изнесува 27,5 години за невестата и 30,2 години за младоженецот.

Според возраста, најмногу бракови во 2025 година биле склучени во старосната група од 25 до 29 години. Кај жените во оваа група биле регистрирани 3.448 бракови, односно 32,8 проценти, а кај мажите 3.750 бракови, односно 35,7 проценти.

Најголем број разводи, пак, имало во старосната група од 35 до 39 години. Кај жените биле регистрирани 400 разводи, или 18,3 проценти, а кај мажите 381 развод, односно 17,4 проценти.

Според траењето на бракот, најмногу разводи се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот. Во оваа категорија биле регистрирани 478 разводи, што претставува 21,9 проценти од вкупниот број разводи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот