Фабриката „Фени“ во Кавадарци

Поранешен „ФЕНИ“ не произведувал ништо, а исплаќал плати и по 1.000 евра

Финансиските извештаи на „Голден Игл Никел“, до кои дошла редакцијата на порталот „Фактор“, покажуваат дека рестартирањето на поранешниот кавадаречки индустриски гигант „Еуроникел Индустри“, некогашен „ФЕНИ“, во 2025 година се одвивал со речиси симболични приходи и високи оперативни трошоци.

Според податоците, компанијата во текот на 2025 година остварила приходи од околу 164 илјади евра, што е недоволно за фабрика од ваков капацитет и укажува дека реално производство речиси и да не било активирано.

Историјатот на сопственичките промени дополнително ја отсликува динамиката на комбинатот. По стечајот на „Фени“, фабриката во 2018 година ја презема швајцарскиот фонд ГСОЛ, кој продолжува со работа под името „Еуроникел Индустри“. Во декември 2023 година, Комерцијална банка како најголем доверител го презема имотот за околу 37,9 милиони евра, а веќе во март 2024 година следи договор за продажба со компании поврзани со холандската „Полиникел Холдинг БВ“, дел од турската „Јилдирим групација“. Во пакетот е вклучен и имотот на „Нова рефрактори“ од Пехчево, со што новиот инвеститор презема поширок индустриски систем.

И покрај ниските приходи, „Голден Игл Никел“ во 2025 година имал 149 вработени и исплатил околу 2,9 милиони евра за бруто плати. Во просек, тоа значи дека еден вработен добивал околу 1.084 евра нето месечно, односно приближно 13.008 евра годишно. За споредба, во 2024 година за плати биле исплатени околу 1,05 милиони евра, што е речиси трипати помал износ.

Податоците покажуваат дека трошоците за плати биле значително повисоки од приходите, кои се околу 18 пати помали од исплатените бруто надоместоци. Вкупните расходи на компанијата достигнале околу 9,8 милиони евра, додека загубата изнесувала околу 11,3 милиони евра.

Новата минимална плата е 26.046 денари

Од компанијата наведуваат дека 2025 година најверојатно претставува период на подготовка и организациско стабилизирање пред потенцијално активирање на производството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот