Хоперс - Фото: Јутјуб/Принтскрин

Анимираниот филм „Хоперс“ е новиот светски хит, додека хоророт „Невестата“ доживеа целосен дебакл

Анимираниот филм „Hoppers“ (Хоперс) оваа недела го освои врвот на северноамериканскиот бокс-офис, со 46 милиони долари во дебитантскиот викенд и 88 милиони долари глобално. Филмот на Пиксар, со продукциски буџет од 150 милиони долари, доби одлични критики и висок рејтинг на „Rotten Tomatoes“ со 94 отсто, а 75 осто од публиката би го препорачале, што укажува на потенцијално долга и профитабилна кинодистрибуција.

Од друга страна, „Невестата“ (The Bride), хорор на Ворнер Брос со Џеси Бакли и Кристијан Бејл, дебитираше со само 7,3 милиони долари во САД и Канада, додека буџетот изнесуваше околу 80 милиони долари. Филмот доби слаби критики и оценки од публиката, а меѓународната заработка донесе уште 6,3 милиони долари, што го прави дебито глобално 13,6 милиони долари, многу под очекувањата.

Во меѓувреме, „Вресок“ (Scream 7) се задржа на второто место со 17,3 милиони долари, а „Оркански височини“ (Wuthering Heights) го заокружи топ 5 на бокс-офисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот