„Анима Мунди“: Ќе бараме одговорност за секое убиено куче во „Лајка“

Отварање на ЈП Лајка - Скопје, 14 октомври 2020 / Фото: Драган Митреска - Слободен печат.

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ бара итен инспекциски надзор во  ЈП „Лајка“ и констатирање на фактичка состојба, ревизија на сите продуцирани документи кои се однесуваат на работата во време на мандатот на поранешната директорка Тина Петрушевска, годишните програми и проверка на точноста на годишните извештаи за работа.

Колку кучиња се убиени и за секое едно бараме причина зошто? Бараме надлежните да ја проверат информацијата дека во ЈП „Лајка“ се исчезнати класери со документи во однос на животните и финансиското работење. Ги упатуваме на проверка на сите сигурносни камери и обезбедувањето на „Лајка“ – велат од „Анима Мунди“.

Тие објаснуваат дека во ноември 2021 година  доставиле барање за информации од јавен карактер каде нивен интерес се еутаназираните животни за време на мандатот на Петрушевска. Барањето, како што велат, го доставиле поради нивни сомневања  во точноста на податоците објавени во годишните извештаи за работа , каде се прикажани 15 еутаназирани кучиња, додека во јавноста се посочуваат примери за убиени мирни маалски миленици.

Тој период коинцидира со пријава за провала во стационарот – во месец ноември 2021 година, поранешната директорка на ЈП „Лајка“ пријавила провала во стационарот. Прашуваме, кој има интерес да провалува и што би крадел во стационар за кучиња? Прашуваме, дали пријава на провала пред нејзино разрешување е обид за прикажување на кражба на документација? – прашуваат од Здружението.

Оттаму додаваат дека нема да отстапат од барањето одговорност за секое куче и дека ќе сторат се за да одговара секој што е виновен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот